Skip to main content

Струшките потрошувачи не знаат дека во градот има организација за заштита на нивните права

Канцеларијата функционира веќе една година. Од таму велат, „неинформираноста на граѓаните се должи на минималната медиумска кампања.“

 |  Билјана Ќосеска  | 
Стружани не се информирани каде можат да ги запознаат своите потрошувачки права. Иако нивните реакции се многубројни, сепак не знаат каде можат да се обратат на консултативен разговор и како да постапат кон сопствениците на трговските дуќани.

Организација на потрошувачи во Струга постои речиси една година. Канцеларијата се наоѓа во општинската зграда и за таа намена се ангажирани две лица. Тие даваат совети со цел да ги заштитат потрошувачите. Од таму потврдуваат дека многу од граѓаните во Струга,  не се информирани за постоењето на организација која е отворена секој работен ден.

Од организацијата на потрошувачи кажуваат дека забелешките на потрошувачите конкретно се однесуваат на техничките производи. Иако тие се под гарантен лист, доколку дојде до дефект, истите не можат да бидат заменети со нови, а во договорот го пишува спротивното.

Граѓаните до нашата телевизија упатуваат забелешки на попустите во  бутиците, за кои тврдат оти биле нереални. Дел од нивните реакции се однесуваат на тоа што во одредени продавници не се издаваат фискални сметки. Од „ОПМ“ апелираат, ваквите или слични проблеми, стружани да ги пријавуват во организацијата, од каде ќе бидат превземени мерки. Од таму уште додаваат, дека во иднина преку поголема медиумска кампања ќе се потрудат ги информираат граѓаните дека постои служба која ги заштитува нивните права.