Skip to main content

Шекил О’ Нил ја завршува кариерата во 2010

Еден од најдобрите НБА-кошаркари на сите времиња, членот на „Феникс Санс“, Американецот Шекил О’ Нил најави дека во 2010 година ќе ја заврши 16-годишната кариера.

 |  Крсте Голабовски  | 
Еден од најдобрите НБА-кошаркари на сите времиња, членот на „Феникс Санс“, Американецот Шекил О’ Нил најави дека во 2010 година ќе ја заврши 16-годишната кариера.

„Мојата кошаркарска кариера ќе биде завршена за 735 дена. Бидејќи во текот на бавењето со кошарка се стекнав и со високо образование, имам намера кариерата да ја продолжам со работа во правосудството“, рекол О’ Нил за американската ТВ-станица „Орландо Њуз“.

Триесет и шестгодишниот О’ Нил во текот на кариерата освои четири титули шампион на НБА, од кои три во дресот на „Лејкерси“ од Лос Анѓелес (2000, 2001 и 2002) и една со клубот од Мајами во 2006 година. О’ Нил три пати беше прогласуван за најкорисен играч во НБА – шампионатот, а во повеќе од 1.042 одиграни натпревари во кариерата постигна во просек по 25,2 поени и 11,5 скокови.