Skip to main content

Одбележан Светскиот ден на прва помош

На градскиот плоштад во Охрид се симулираа вежби за укажување прва помош при различни ситуации. На ваков начин се одбележа Светскиот ден на прва помош.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Светскиот ден на прва помош одбележан во Охрид. Под мотото „ Првата помош спасува живот“ волонтерите на Црвениот крст на градскиот плоштад симулираа најразлични ситуации каде има потреба од укажување прва помош.

Денес за прв пат се воведе и една новина при одбележувањето на Светскиот ден на првата помош. Заедно со сообраќајната полиција при СВР Охрид беше спроведена симулациона вежба на давање прва помош при повреди во сообраќајна незгода.

Инаку овој ден со различни активности се одбележува во уште 200 земји од светот. Екипа од Црвениот крст од Охрид составена од четворица млади волонтери  престојува во Риека каде ќе презентира давање прва помош во специјални услови.

Сашо Точков, претседастелот на Црвениот крст вели дека Охрид во ниту еден сегмент не заостанува од останатите светски ограноци од оваа хуманитарна организација.

Денес беше организирана и крводарителска акција помогната од спортската обложувалница Премиер која на еден од крводароителите ќе му подари ЦД плеер.