Skip to main content

Хакери упаднаа во електронската пошта на Сара Пејлин

Хакери упаднаа во електронската пошта на кандидатот за потпретседател на САД од Републиканската партија Сара Пејлин. Станува збор за една од адресите на Пејлин, која таа ја користела како гувернер на Аљаска на порталот Јаху.

 |  Крсте Голабовски  | 

Како доказ за својот „успех“ хакерите ја распространија на неколку веб сајтови содржината на поштата на Пејлин – лични писма и снимки.

Предизборниот штаб на претседателскиот кандидат Џон Меккејн, кој ја избра Пејлин за свој заменик, го нарече инцидентот „шокирачки упад во приватниот живот на гувенерката и нарушување на законот“.

Американските медиуми се прашуваат зошто Пејлин во својата работа како гувернер не користела само владина електронска пошта, при која содржината по извесно време се уништува. За тоа дека Пејлин има навика во својата работа да користи и приватна електронска пошта се говори уште од пред извесно време – неколку месеци пред таа да биде номинирана за потпретседател.