Skip to main content

Грозданов ја обвинува Локалната за уште еден сомнителен тендер на Локалната

Пратеникот Цветко Грозданов ја обвини Локалната самоуправа за објавен тендер кој се коси со законските прописи.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Пратеникот Цветко Грозданов ја обвини Локалната самоуправа за објавен тендер кој се коси со законските прописи.

Според него, тој се објавува за градежни зафати кои се веќе изведени. Ја обвини локалната власт и дека објавува конкурс за вработување за  работни места кои се веќе пополнети.

Пратеникот од ВМРО- ДПМНЕ, Цветко Грозданов ја обвини Локалната самоуправа дека објавила тендер кој не е во согласнот со законските прописи. Според него, Локалната власт го објавила тендерот вреден 2 и пол милиони евра, за градежни зафати кои веќе се изведени.

Aleksandar PetreskiГрозданов потенцираше дека согласно Законот за локална самоуправа, а поради претстојните локални избори, во последните 6 месеци од годинава, општината има привремен буџет. Тоа значи дека во текот на  овој период локалната самоуправа не смее да објавува тендери со кои дополнително би се задолжил општинскиот буџет.

Грозданов обвини и дека Локалната самоуправа неодамна објавила конкурс за вработување државни службеници за работни места ки се веќе пополнети.

Во отсуство на Градоначалникот Александар Петрески кој се наоѓа на службен пат во Израел, се огласија од неговиот кабинет.

Од таму за изнесените обвинувања велат дека се најнова хајка врз Локалната самоуправа и градоначалникот.
Ги отфрлаат обвинувањата како целосно невистинити. Сите постапки за јавни набавки се спроведуваат согласно законската регулатива, велат од Локалната самоуправа.