Skip to main content

Викендов во Охрид ќе се одржи дванаесеттиот симпозиум за спорт и физичко образование на младите

Најавено е учеството на претставници од седум држави кои ќе презентираат свои трудови и ќе дискутираат за финансиските проблеми во спортот.

 |  Златко Китаноски  | 
simpozium sportski rabotnici
simpozium sportski rabotnici
Најавено е учеството на претставници од седум држави кои ќе презентираат свои трудови и ќе дискутираат за финансиските проблеми во спортот.

На овој симпозиум приоритет ќе биде изнајдувањето на нови буџетски можности без кои не би можел да функционира ниту еден спорт. Исто така ќе се дискутира за менаџирањето во спортот бидејќи како што велат претставниците во Македонија нема доволно кадровски можности за создавање на спортски менаџери кои подоцна би работеле со младите таленти и би го подигнале спортот на повисоко ниво.

simpoziumИсто така акцент ќе биде ставен на приоритетните и традиционалните спортови во Македонија, особено за оние спортови кои имаат традиција во охридско-струшкиот регион, а во врска со тоа, фокусот на активностите ќе биде врз водените спортови, а се со цел да се врати сјајот на овие спортови и искористување на големиот број на млади спортски таленти.

Овој симпозиум е под покровителстно на Агенцијата за млади и спорт, Факултетот за физичка култура и Сојузот на спортските федерации на Македонија.Овој симпозиум се одржува во нашиов град во периодот од 19-21  септември и на него ќе земат учество над 150 спортски работници и професори од седум земји.