Skip to main content

Ќе светне во становите на новоизградените стамбени згради во Охрид

Станарите на новоизградените згради во Охрид месеци наназад не можат да се вселат бидејќи не се приклучени на електричната мрежа. Од Есм Евн објаснуваат дека проблемот не е во нив.

 |  Лионела Јаковлева  | 
strujomer
strujomer
Станарите од новоизградените згради во Охрид не можат да се вселат бидејќи не се приклучени на електричната мрежа. Ваков е случајот и со зградата кај  некогашната автобуска станица. Оваа состојба трае веќе неколку месеци наназад па трпението на граѓаните е при крај. Од Есм Евн велат дека проблемот не лежи кај нив.

Златко Попоски, портпарол на Есм Евн објаснува дека градежното претпријатие кое е изведувач на овие згради спрема нив ги има подмирено сите трошоци за изградба на трафостаници и приклучоци за електрична енергија. Ние сме подготвени да ја извршиме нашета обврска, додава Попоски чекаме одобрение за градба од локалната самоуправа.

Бранко Арнаудов раководителот на секторот за урбанизам при локалната самоуправа вели дека со Законот за градење е регулиран начинот и постапката за градење на објекти на инфраструктурата како што се трафостаници, електрични кабли, водовод и канализација. За нивна изградба потребно е издавање  одобрение за градба, локација и проект. Арнаудов потенцира дека неколку пати надлежните лица од Евн Есм биле кај него и им објаснил која е постапката за добивање одобрение за градба на трафостаниците. Во согласност со ДУП се одредуваат и локациите каде тие ќе бидат изградени.

zgradaСпоред него Евн Есм сеуште нема поднесено барање до локалната  за одобрение за градба на трафостаниците и електричната инсталација.

Од ЕСМ Евн пак го тврдат обратното. Барањето е поднесено се чека локалната да даде амин.

Инаку постапката за добивање одобрение за градба на објекти на постоечкта инфраструктура трае многу кратко па од локалната ветуваат дека во најбрз можен рок Евн Есм ќе ја добие дозволата. По добивањето на одобрението Евн Есм законски е обврзана најкасно за 90 дена да ги изгради трафостаниците. Според најавите станарите за најмногу два месеци ќе можат да се вселат во своите станови кои ќе бидат приклучени на електричната мрежа.

Инаку и од Евн-Есм и од локалната велат дека овој случај нема никаква врска со спорот меѓу нив поради заостанатите долгови на Мјп Проаква, како што сметаат некои граѓани. И двете страни се децидни- не станува збор за никаво препукување, проблемот набрзо ќе биде решен.