Skip to main content

Возобновен фестивалот Охридски староградски средби

По пауза од 15 години, на сцената на Центарот за култура, ансамбли од градов и Македонија повторно ќе пеат староградски песни.

 

 |  Тања Кувенџиска  | 
ohridski starogradski sredbi flaer
ohridski starogradski sredbi flaer
Се возобнови фестивалот на староградска песна. На сцената на Центарот за култура , по пауза од повеќе од 15 години, ќе се одржи вечер посветена на староградскиот мелос. Ќе настапат ансамбли од градов и земјава.

„Годинава фестивалот ќе биде една вечер. Ќе има богата програма, ќе настапат ансамбли кои ја негуваат староградската песна. Од охридските ансамбли ќе настапат возобновената пејачка група Ахрида и Езерски вез“, вели Боцевска.   

ohridski starogradski sredbi plakatОхридските староградски средби датираат од 1975 година, но фестивалот згаснал на почетокот на девеесеттите. Годинава се возобновува од страна на Центарот за култура Григор Прличев, а со подршка од Министерството за култура.

„Се надеваме дека ќе пробудиме интерес. Програмата ќе биде богата и дека посетителите ќе сакаат повторно да се одржи и идната година“, потенцира Боцевска.

Фестивалот Охридски староградски средби ќе започне во петок во 18 часот со дефиле на ансамблите низ старата чаршија и настап на две локации: Градски плоштад и Стар Чинар. Два часа подоцна, во Центарот за култура ќе започне вечерта посветена на староградскиот мелос.