Skip to main content

Две жртви во сообраќајна незгода

Во тешка сообраќајна незгода која се случи на магистралниот пат Охрид- Ресен животот го загубија двајца млади охриѓани. Службите од Свр Охрид ги испитуваат причините поради кои дошло до несреќата.

 |  Лионела Јаковлева  | 
soobrakajna Bukovo
soobrakajna Bukovo
Во тешка сообраќајна незгода која се случи на магистралниот пат Охрид- Ресен животот го загубија двајца млади охриѓани. Службите од Свр Охрид ги испитуваат причините поради кои дошло до несреќата.

Синоќа во тешка сообраќајна незгода животот го загубија Влатко П. роден 1977 година и Наумче А. роден 1985 година, двајцата од Охрид. Несреќата се случи во 21 часот, во близина на депонијата ,, Буково“, на магистралниот пат Охрид-Ресен.

Стефан Димоски, портпарол на Свр Охрид  вели дека сообраќајната незгода се случила во моментот кога возачот на товарно возило-влекач марка ,,Волво“, со албански национални ознаки движејќи се на планинскиот превој ,, Буково“ во правец кон Охрид, преминал на спротивната сообраќајна лента, каде во правец на Ресен се движело патничко моторно возило марка ,,Форд Ескорд,,  со охридски регистарски таблици управувано од, сега покојниот Влатко П. 

soobrakajna nesrekaПри несреќата  дошло до судир помеѓу задниот лев дел од полуприколката на влекачот и предниот лев дел од патничкото моторно возило кое од ударот се превртело на кровот на десната страна надвор од коловозот.  По наредба на Истражен  судија, а поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело ,,Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, возачот на товарното возило, државранин на Р. Албанија, со иницијали С. П. роден 1964 год. е задржан во СВР Охрид . 

На лице место бил извршен увид од страна на Истражен судија и Заменик Јавен обвинител при Основниот суд во Охрид како и увидна екипа на СВР Охрид, поради што во времето од 21.10 часот до 00.30 часот сообраќајот беше прекинат во двете насоки.

Инаку во незгодата со лесни телесни повреди се здоби и лицето Ј. С. родено 1985 год. од Охрид кое било пренесено во охридската Општата болница. Од контактите кои ги направивме со дежурниот доктор на хируршкото одделение, Д-р Томе Гиноски дознаваме дека  кај Ј. С. не се констатирани некои поголеми физички повреди освен претрпен емотивен шок. Утрово тој е пуштен на домашно лекување.