Skip to main content

Осум икони од охридската Галерија патуваат во Лондон

По 50 години, во Велика Британија ќе се одржи изложба посветена на Визнатиската  уметност.

 |  Валентина Нелоска  | 
galerija ikoni
galerija ikoni
Во Лондон во периодот од 25 октомври до 22 март 2009 година ќе биде поставена изложба насловена како  “ Византија 330 -1453 “.

Во Kралската Aкадемија  на Уметностите, ќе бидат презентирани и икони од  постојната поставка на Галеријата икони од Охрид. Станува збор за осум икони од периодот на среден век од т.н. ренесанса на палелозите.

Иконите кои ќе бидат изложени во Лондон, припаѓаат во самиот врв на византиското сликарство. Учеството на изложбата  е признание и за нашата земја која располага со огромно културно наследство. Нити една голема светска изложба посветена  на Византиската уметност не може да се замисли без да бидат  изложени икони од Македонија.

galerija ikoniПокрај 8 -те икони од охридската галерија ќе бидат презентирани и преку 300 експонати од голем број уметнички збирки од Европа и САД. На  изложбата ќе бидат и 40 икони од манастирот Св. Катерина на Синај.
Кустосот Милчо Георгиески од Завод и Музеј веќе е во Лондон каде што ги  прави подготовките за транспорт на иконите.