Skip to main content

Иран се подготвува да лансира вселенска ракета

Иран планира  наскоро да лансира ракета за носење сателит во орбитата.

 |  Крсте Голабовски  | 
iranska raketa
iranska raketa
Иран планира  наскоро да лансира ракета за носење сателит во орбитата, според иранските медиуми.

На средбата со преставници на иранската заедница во Њујорк, претседателот Махмуд Ахмадинеџад изјави дека Иран наскоро ќе истрела ракета со 16 мотори, способна да изнесе сателит вo орбитата, на височина од околу 650 километри.
Сателитот веројатно ќе биде телекомуникациски или истражувачки, за потребите на метеорологијата, забележаа светските агенции.
Иран досега не споменувал дека има планови за лансирање во орбитата на сателити со воена цел.

kavsegar-1Техеран, овој месец, соопшти дека кинеска ракета во орбитата изнесе сателит, заеднички создаден од Иран, Кина и Тајланд.
Иран има национална вселенска програма и изведува испитувања на ракетата „Кавешгар-1“ ( Истражувач -1), предвидена за изнесување во орбитата на вселенски апарати.
Првиот ирански сателит, со руска ракета, во орбитата беше истрелан во 2005 година.