Skip to main content

Анри незадоволен од статусот во Барселона

Францускиот фудбалски интернационалец и член на Барселона, Тјери Анри изјави дека сериозно ќе ја разгледа можноста за напуштање на клубот во зимскиот преоден рок, пренесуваат француските медиуми.

 |  Крсте Голабовски  | 
Tieri Anri

„Тоа за сега се уште не преставува проблем, но ако и натаму останам на клупата ќе барам сериозен разговор“, изјави Анри.

Barselona logoТој ретко или воопшто не добива шанса да игра во новата сезона од тренерот Гвардиола. На место на Анри на позиција лево крило игра Андрес Иниеста.
Анри смета дека проблемот ќе се реши ако заигра на позицијата голгетер.

„Гвардиола ми рече дека оваа сезона сигурно ќе играм на позицијата напаѓач, па поради тоа одбив неколку добри понуди од други европски клубови“, истакна Анри.