Skip to main content

УЕФА го зголеми своето конто за 250 милиони евра

Европската фудбалска организација, УЕФА, објави дека го збогати своето финансиско конто од Европското првенство во Австрија и Швајцарија за 250 милиони евра.

 |  Крсте Голабовски  | 
Mishel Platini
Mishel Platini
Европската фудбалска организација, УЕФА, објави дека го збогати своето финансиско конто од Европското првенство во Австрија и Швајцарија за 250 милиони евра.

Заработените пари ќе биде потрошен за финансирање на натпреварите на младите селекции и женскиот фудбал, судските и тренерските програми и административните трошоци.

Главниот оперативец на Еврото, Мартин Кален, беше задоволен со конечните показатели за успехот на Еврото, со тврдење дека во поголем дел од подрачјата е направен виден напредок. Задоволителни се ТВ бројки во голема мерка се користеше јавниот превоз, а поголеми безбедносни проблеми немаше.

fudbalski stadionОрганизаторот за два најголеми проблеми ги истакна, лошото време на почетокот на турнирот и препродажбата на влезниците на црно. Во врска со ова Кален изјави:

„Црниот пазар останува како проблем. Иако направивме голем број обиди да го спречиме тоа, сепак имаше многу,многу билети кои се продаваа на црно. Ќе мора да погледнеме што во иднина можеме да направиме во врска со овој проблем, иако сме свесни дека станува збор за нешто што нема да можеме целосно да го контролираме.“