Skip to main content

Французите бараат анализа на урината на Армстронг од 1999 година

Шефот на француската анти-допинг агенција Пјер Бордри, му предложи на американецот Ленс Армстронг да прифати неговиот примерок од урината од 1999 година да се тестира на присуството на еритропротеин.

 |  Крсте Голабовски  | 
Lance Armstrong
Lance Armstrong
Шефот на француската анти-допинг агенција Пјер Бордри, му предложи на американецот Ленс Армстронг да прифати неговиот примерок од урината од 1999 година да се тестира на присуството на еритропротеин.

Армстронг во 1999 година, ја оствари првата од седумте последователни победи на „Тур де Франс“, во 2005-та година, списанието „Лекип“, објави дека примероците од урината и крвта од претходните трки би можеле повторно да бидат тестирани. Во тоа време такавата информција предизвика остри реакции кај велосипедистите, кои во главно тврдеа дека станува збор за лов на вештерки.

Lance Armstrong„Сакам да до нејзиното враќање во велосипедизмот дојде под најдобри можни околности. Затоа му предлагам, а се надевам дека ќе се согласи, повторно да го тестираме неговиот примерок од 1999 години.“, изјави Бордри.

Армстронг минатата недела најави враќање на патеката, три години откако го најави крајот на својата професионална кариера. Кога во 2005 година, се крена голема прашина околу трката во Франција, Армстронг е ослободен од обвиненијата, но претставниците на Светската анти-допинг агенција тогаш изјавија дека тестовите не беа направени како што треба.

„Ако се сложи Армстронг, веднаш ќе ја започнеме процедурата. На тој наќин тој ќе докаже дека никогаш во својата кариера не лажел“, заклучи Бордри.