Skip to main content

Бројот на нарко зависниците во Охрид постојано расте, а старосната граница се намалува

Заложници на дрогата стануваат  десетгодишни деца. Со цел да се стави бариера на нејзиниот прогрес, МВР заедно со Црвениот крст од Охрид организираа предавања по основните училишта во градов.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Заложници на дрогата стануваат  десетгодишни деца. Со цел да се стави бариера на нејзиниот прогрес, МВР заедно со Црвениот крст од Охрид организираа предавања по основните училишта во градов.

Во Охрид има 300 регистрирани нарко зависници. 200 од нив се уживатели на марихуана, 10 се зависници од кокаин, а 20 од хероин. Ова се податоци со кои официјално располага Министерството за внатрешни работи, но од таму велат дека оваа бројка реално е многу поголема.

bioloski otpadСо цел да се стави бариера на ваквиот огромен прогрес на користењето на дрогата, МВР заедно со Црвениот Крст од Охрид организираа едукативни предавања каде целни групи се учениците од петто до осмо одделение и нивните родители. Загрижувачки е фактот, велат од МВР, што старосната граница секоја година се повеќе се намалува па уживатели на дрога се и деца на десет годишна возраст.

Овие предавања започнаа  денес, а ќе се спроведат во сите основни училишта во градов. Присутните ќе имаат можност да видат голем дел од наркотичните средства во живо кои се дел од богатата колекција на дроги одземени во изминатиов период од страна на службите за внатрешни работи.