Skip to main content

Економската криза тема на ТВ дуелот меѓу Обама и Мекејн

Економската криза во САД доминираше на почетокот од третата и последна претседателска дебата меѓу сенаторите Џон Мекејн и Барак Обама.

 |  Крсте Голабовски  | 
Obama Mekkejn
Obama Mekkejn
Економската криза во САД доминираше на почетокот од третата и последна претседателска дебата меѓу сенаторите Џон Мекејн и Барак Обама.
         
Како главни виновници за кризата, според Мекејн, се алчноста и претерувањето од страна на Вол Стрит и Вашингтон.
          
Обама пак се согласи дека финансиската криза е најголема од времето на Големата депресија, и призна дека „не видел план кој ќе и помогне на средната класа Американци“.
          
izbori SADАмериканската економска криза му помогна на демократот Обама да се издвои пред неговиот републикански ривал Мекејн во анкетите на национално ниво, како и во сојузните држави каде се очекува тесна трка.
          
Последниот ТВ-дуел им даде шанса на обајцата кандидати да ја придобијат довербата од неопределените и независни гласачи.
       
Најновата анкета на Њујорк Тајмс и Си-Би-Ес Њуз покажа дека Обама води пред сенаторот од Аризона со 53 спрема 49 проценти. Друго испитување на јавното мислење во средата од заедничката анкета на Ројтерс, Зогби и Си-Спен покажа дека Обама води пред Мекејн со 4 проценти на национално ниво.