Skip to main content

„Неправедно останав без куќа“, вели охриѓанецот Јовче Спиркоски

Пред два месеци започнала агонијата на четири членото семејство Спиркоски од Охрид.

 |  Валентина Нелоска  | 
Jonce Spirkoski
Jonce Spirkoski
Стакаларот  Јовче Спиркоски раскажува дека неправедно останал  без семејната куќа од 80 метри квадратни на улицата  Кирил и Методиј.

„Сега јас, сопругата и двете малолетни  деца сме на улица“ додава тој.

Се започнало со судски спор  во 2003 година со поранешниот бизнис партнер.
Со лажна пријава и тужење, Војне Голабоски  ми ја зеде куќата раскажува Спиркоски. Судот му ја досуди нему, а јас останва исфрлен на улица.

Jonce SpirkoskiСпиркоски вели дека се обраќал до сите институци, но добивал третман како изманик и криминалец. Имам впечаток дека сите инситуции работат за Голабоски кој е на функција во катастарот вели Спиркоски, а мене како обичен стаклар никој не ме приметува. Со солзи во очите, стакларот Јовче Спиркоски вели дека ќе седи пред својата куќа, иако не очекува решение. Сепак вели сакам јавноста да знае дека хуманоста е завршена работа кај  луѓето и институциите во овој град.