Skip to main content

Директорот на ММФ јавно се извини поради тоа што бил во врска со негова службеничка

Директорот на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штрос-Кан денеска јавно се извини поради тоа што бил во врска со негова службеничка, но демантираше дека ја злоупотребил својата должност.

 |  Крсте Голабовски  | 
Dominik Stros Kan
Dominik Stros Kan
Директорот на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штрос-Кан денеска јавно се извини поради тоа што бил во врска со негова службеничка, но демантираше дека ја злоупотребил својата должност.

Штрос-Кан, во писмото испратено по електронска пошта до вработеноте во ММФ, им се извинува ним, на жената со која бил во врска – Пирошка Над и на неговата сопруга, поради проблемите што ги предизвикал.

Dominik Stros KanУправниот совет на ММФ неодамна побара од надворешна правна фирма да истражи дали Штрос-Кан фаворизирал една од вишите економски службенички во Фондот, пред таа во август да ја напушти Организацијата. Над сега работи за Европската банка за обнова и развој во Лондон.

Во писмото Штрос-Кан нагласува дека целосно ја презема одговорноста за случајот, но потенцира дека е цврсто уверен оти не ја злоупотребил службената должност. Тој додаде дека целосно ја поддржува започнатата истрага и оти ќе ги прифати препораките на Управниот совет за решавање на проблемот.