Skip to main content

Земјоделците ги добија годинешните субвенции

Земјоделците  годинава  задоволно ги тријат рацете, државата не ги заборави. Тие ги добија парите предвидени од  Програмата за финансиска подршка.

 |  Валентина Нелоска  | 
fidanka
фиданка
Земјоделците  годинава  задоволно ги тријат рацете, државата не ги заборави. Тие ги добија парите предвидени од  Програмата за финансиска подршка.

Средствата се исплатени  во неколку  фази за пооделни ставки. Од подрачната единица на ресорното министерство велат дека исплатата течела според планот. Единствен проблем со кој се соочувале земјоделците бил технички. Станува збор за неактивирани транскациони сметкис.

niva Околу 800  земјоделци кои поденеле во подрачното министерство барање за субвенционирање на производството добиле парична подршка.
25 одгледувачи на добиток во ридско – планинскиот регион добија по 2500 денари од грло. Додека пак, околу 60 сточари на  ситен добиток добија субвенции, за  издвоено  женско јагне по  2000 денари,  а одгледувачите на кози заработија по 500 денари од грло. На околу 90 пчелари им се исплатени   по 400 денари за пчелно семејство.   

За подигнат нов овошен насад 13 –мина овоштари и 1 лозар  добиле по 75.000 денари од хектар. Додека за одгледување на житни култури, околу 400  земјоделци добиле парична подршка по 6000 денари од хектар, а околу 60 земјоделци за фуражни култури. Субвенционирани се  и  земјоделците кои поседуваат земјиште, бавчи  и ливади со по 2000 денари од хектар.

 

 

{loadposition content9}