Skip to main content

Пакистан одбележува годишнина од убиството на Беназир Буто

Стотици илјади приврзаници на поранешната пакистанска премиерка Беназир Буто се собраа денеска во нејзиниот роден град Гари Куда Бакш во јужниот дел на земјата, за да да одбележат првата годишнина од нејзиното убиство.

 |  Крсте Голабовски  | 
Benazir Buto
Беназир Буто
Стотици илјади приврзаници на поранешната пакистанска премиерка Беназир Буто се собраа денеска во нејзиниот роден град Гари Куда Бакш во јужниот дел на земјата, за да да одбележат првата годишнина од нејзиното убиство.

 Во соопштение по повод годишнината од убиството на Буто, пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари посочува дека нападот врз неговата сопруга бил напад врз одржливоста на државата и насочен врз поткопување на напорите за изградба на демократски структури и борбата против екстремизмот.
Илјадници полицајци се ангажирани во Гари Куда Бакш поради стравување дека Зардари исто така може да биде цел на атентатори.
Педесет и четиригодишната Буто беше убиена по завршување на митинг во Ривалпинди, кога бомбаш-самоубиец пукаше во опозициската лидерка, а потоа го активираше експлозивот поставен на неговото тело.

Benazir ButoБуто два месеци претходно се врати во земјата, по осум гоидни поминати во егзил за да учествува во кампањата за парламентарните избори. По убиството на Буто, нејзината Пакистанска народна партија победи на изборите во февруари и сега ја води коалициската Влада. Нејзиниот сопруг Зардари е избран за претседател на Владата откако генерал Первез Мушараф беше принуден да поднесе оставјка на функцијата.
Пакистанската Влада побара Обединетите нации да покренат независна истрага за убиството на Буто, а генералниот секретар на Светската организација Бан Ки-мун вчера изрази надеж дека тоа наскоро ќе се случи.

 

{loadposition content9}