Skip to main content

„Ханука“ во Македонија

Додека Македонија ја држи празничната треска, и по Нова година се прават последните подготовки за Божиќ, без многу помпа поминува празнувањето на уште ден верски празник.

menora
менора
Додека Македонија ја држи празничната треска, и по Нова година се прават последните подготовки за Божиќ, без многу помпа поминува празнувањето на уште ден верски празник.

Еврејската „Ханука“ е празник на песната, светлото и на децата.
Еврејската заедница во Македонија со песна го прослави празникот Ханука, древен празник кој е еден од најомилените кај Евреите.
Се празнува со семејството, со богата трпеза и со палење на задолжителниот ритуален свеќник наречен „менора“.

menoraВиктор Фридман, професор – македонист од Соединетите американски држави, рече дека првпат празнува Ханука во поголемо друштво во Македонија.
Тој вели дека Ханука е главно семеен, детски празник, а во спомен најмногу му останале традиционалните јадења.

 

{loadposition content9}