Skip to main content

Сафин од тепачка, на турнир

Поранешниот прв тенисер, Марат Сафин и победник на Аустралиан опен дојде да игра на Хопман купот полн со модринки и посекотини.

 |  Крсте Голабовски  | 
Marat Safin
Марат Сафин
Поранешниот прв тенисер, Марат Сафин и победник на Аустралиан опен дојде да игра на Хопман купот полн со модринки и посекотини.

Тој западнал во тепачка во Москва за што и самиот призна, после натпреварот со Симон Болели, а на лицето му се гледаа последиците од тепачката.

Сафин гордо изјави дека тој бил победникот во тепачката.

„Да победив во тепаката, добар сум сега, се е во ред и ќе преживеам. Едноставно се најдов на погрешно место во погрешно време“.

Marat SafinДиректорот на Хопман купот Пол Мекнами беше изненаден што Сафин толку доцна пристигнал на турнитрот и бараше да му го одложат мечот на еден ден, но подоцна се му беше јасно.
И покрај тепачката, Сафин победи со 7:6 6:4.

„Ме спаси сервисот. Не ни сонував дека ќе имам подобар почеток од овој.“ заклучи сафин чиј стил на живот е поразличен од другите спортисти.

 

 

{loadposition content9}