Skip to main content

Љубчо Георгиески се враќа на политичката сцена

Во Охрид, Вмро Народна партија на престојните локални избори на 22 март ќе излезе самостојно.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого

Во Охрид, Вмро Народна партија на престојните локални избори на 22 март ќе излезе самостојно.

За 10 –тина дена  ќе биде и официјално  соопштено името на кандидатот за градоначалик,  изјави в.д.претседателот на оваа партија, Марјан Додовски. Тој додаде дека тоа се должи  на големиот успех постигнат на минатите локални избори , а нивните очекувања се успхот да се повтори и на престојните пролетни избори.

CinarОд ВМРО НП се сигурни дека гласовите на нивното гласачко тело на престојните локални и  претседателски избори ќе  бидат  одлучувачки фактор. На прашањето дали  Љубчо Георгиевски  ќе се врати на политичката сцена, Додовски со одговор дека од нивниот лидер и почесен претседател  имаат целосна подршка во нивните активности и неговиот ангажман на локалните избори ќе биде забележителен.
Од ВМРО  НП нема да настапат со свој претседателски кандидат  туку  ќе  ги разгледаат сите можности од  имињата на кандидати кои се  вртат во јавноста. Дополнително ќе објават на кој претседателски  кандидат ќе му ја дадат нивната подршка.

 

{loadposition content9}