Skip to main content

Се краде и во новава година

Кражбите актуелни и годинава. Од почетокот на 2009 во Охрид се случиле дури осум вакви кривични дела. Предмет на лепливите прсти пред се се парите, но и златните предмети и техничката стока.

 |  Лионела Јаковлева  | 
logo SVR
лого СВР
Кражбите актуелни и годинава. Од почетокот на 2009 во Охрид се случиле дури осум вакви кривични дела. Предмет на лепливите прсти пред се се парите, но и златните предмети и техничката стока.

upaseni licaСе краде и во новава година. Во овие дваесетина дена од 2009 на подрачјето на општина Охрид се имаат случено 8 тешки кражби, велат од СВР Охрид. Предмет на лепливите прсти пред се се парите, но и златните предмети и техничката стока. Мобилните телефони и понатаму најголема мета на крадците. Kражба на вакви апарати се случи и на големиот христијански празник Водици кога некои од капачите кои се нурнаа во водите на езерото своите телефони и облека ги оставија на брегот. Стефан Димоски, портпарол на Свр Охрид вели дека најголемиот дел од сторителите се пронајдени, а против тројца од нив поднесени се прекршочни пријави.

Димоски додава дека иако осум кражби за дваесетина дена не е мала бројка, споредбено со овој период ланската година има намалување на овие кривични дела. Тој кажува дека по повод новогодшните, божикните и останатите празници, во градов пристигнаа голем број гости, а со тоа се зголеми и ризикот од појава на кражби. Но, генерално од Свр Охрид се задоволни како поминаа празниците и додаваат дека немало некои поголеми нарушувања на законот.

 

 

{loadposition content9}