Skip to main content

Емпаер Стејт освоен и годинава

Германецот Томас Долд и Австралијката Сузи Уалшам ја одбранија титулата во 32-то тркачко натпреварување до врвот на зградата Емпајр Стејт Билдинг во Њу Јорк.

 |  Крсте Голабовски  | 
Tomas Dold
Томас Долд
Германецот Томас Долд и Австралијката Сузи Уалшам ја одбранија титулата во 32-то тркачко натпреварување до врвот на зградата Емпајр Стејт Билдинг во Њу Јорк.
Долд 24 годишниот студент по економија ја обезбеди четвртата титула во машка конкуренција со време од 10 минути и 7 секунди и воедно постави личен рекорд поправувајќи го стариот рекорд за 1 секунда. Актуелниот рекорд му припаѓа на Пол Крек кој во 2003-та година застана на првата позиција со време од 9 минути и 33 секунди.

„Се чувствував многу убаво по четвртата победа. Бев многу добро подготвен за трката со специјални зимски вежби во Германија. Не беше лесно затоа и задоволен сум што победив и особено со новоит рекорд “ вели тој.

Tomas DOldАвстралијката Сузи Уалшам падна во почетокот на трката, и покрај повредата го освои првото место со време од 13 минути и 27 секунди.

„Тргнав кон вратата но за миг паднав и се здобив со тешки повреди.  Во тој момент сите почнаа да се качуваат и брзо одлучив да ја продолжам трката затоа што не поминаа големо растојание за да откажама“ изјави таа.

Околу 330 натпреварувачи во две категории се качија на најголемата зграда во Њу Јорк поминувајќи 86 ката и 1.576 скали. Ги имаше од 15 држави, меѓи кои и Австралија, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Велика Британија и САД.

 

 

 

{loadposition content9}