Skip to main content

Активот на жени пензионерки на хуманитарна акција во Велес

Охридскиот актив на жени – пензионерки зеде учество на традиционалната хуманитарна манифестација насловена како „Благцата на баба“.

 |  Валентина Нелоска  | 
fotografii
фотографии
Охридскиот актив на жени – пензионерки зеде учество на традиционалната хуманитарна манифестација насловена како „Благцата на баба“, која традиционално се одржува во Велес.

На манифестацијата беа изложени  традиционални  јадења и се преставиле со 6 експонати карактеристични за охридксто поднебје ккао што се петулици и бакардан. Покрај 50 –тина активистки од Охрид и Дебрца учествуваа и 400 жени од републикава, вели претседателката на  активот на жени, пензионерки Ружа Балеска.

Ruza BaleskaМанифестацијата имаше продажен карактер , а собраните средства од хуманитарната акција во висина од 25.000 денари се  наменети за Дневниот центар за децата со посебни потреби од Велес. Од охридскиот актив на жени – пензионерки  потенцираат дека изминатата година биле активно вклучени во повеќе хуманитарни акции во градот. Посетиле околу 17 одделенија и домови за стари и изнемоштени  лица.

Вратата на активот на жени пензионерки е отворена за сите жени кои сакаат да помагаат порачува  претседателката Балева.

Активот на жени  пензионерки е формиран  пред 6 години и неговото работење е подржано од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.

 

 

 

{loadposition content9}