Skip to main content

Поднесени советничките листи за Охрид и Дебрца

Општинската изборна комисија го ждребува редоследот на кандидатите на гласачките ливчиња за градоначалници и носители на советнички листи.

 |  Валенитна Нелоска  | 
listi
листи
Општинската изборна комисија го ждребува редоследот на кандидатите на гласачките ливчиња за градоначалници и носители на советнички листи.

Општинската изборна комисија го изврши  ждребувањето на редоследот на кандидатите на гласачките ливчиња за градоначалници и носители на советнички листи во присуство на овластените преставници од партиите.

Во трката за градоначалничката функција на престојните локални избори од шесте кандидати прв на листата за гласање е Васви Доко од  Партијата Нова Демократија:
Втор по редослед е кандидатот за градоначалник Боро Павлоски од ЛДП, а носителот на советничката листаод истата партија, Крум Арнаудов е 17 по ред .  

По редослед следуваат следните кандидати за градоначалници : Трет на листата е кандидатот од Вмро Дпмне Кирил Трендафилов Нанче, четврти е Томе Гиноски  од Вмро НП, петти по редослед е Александар Петрески од СДСМ,   а шести е Ацо Попоски од НСДП.
Редоследот на носители на листи од партиите и коалицијата на Вмро Дпмне, како и  од независните советнички листи е:

zrebuvanjeПод реден број еден е незивисниот кандидат Никола Пулески, под број два е Партијата Нова Демократија со носителот Ардијан Хасани. Трет е Васил Ристески од Коалиција ВМРО ДП, Тморо – Веп. Четврти е преставникот на ДПА   Бесник Осман. Петта  е НСДП со Верица Хајба, шести  е независниот кандидат за советничка листа Љупчо Настоски. Седма е партијата за движење на Турците со Шенол Рушит , осми е Кујтим Усеини од ПЕИ. На деветтото место е Веле Митаноски од СДУ, а на 10 позиција е Борис Стојаноски како независен  кандидат. Единаесеттото место следува за Перо Петрески Калимеро, а на дванаесеттата позиција ждрепката  одлучи да се најде името на   Недим Положани од ДУИ. Владо Цветкоски независен кандидат е под реден број 13. Четрнаесеттото  место е за Бранислав Трпчески од СДСМ. Петнаесетти на изборната листа за советници е  за Љупчо Нечкоски, а на шеснаесеттата позиција е  Томе Трајаноски. 17-тото место  припадна на ЛДП и Крум Аранаудов.  Осуманестти е носителот на листата Борис Стефаноски од Коалицијата Вмро Дпмне. На последното место со број 19 е  Вмро НП со носителот на листа  Јоне Станкоски.

Во изборната трка, за прималивата градоначалничка функција и во општина Дебрца, силите ќе ги одмерат кандидатите: од СДСМ актуелниот градоначалник Љупчо Којчиноски, од СДУ Димче Андрески, од  НСДП Коле Наумоски, а од Коалицијата  ВМРО ДПМНЕ со 18 политички партии Драги Танески. Науме Мицески е градоначалничкиот кандидат за оваа функција предложен од група избирачи.
 Поднесени се и 5  советнички листи од самостојни партии  и коалицијата на Вмро Дпмне. За членови на советот на општина Дебрца се поденесени Во кандидатурите од СДСМ со носител на листа Томе Тотурески,  носител на листа на   Вмро НП е Благоја Блажески. Од НСДП носител на листа е Димитар Смилески , а од СДУ Даниел Огненоски. Николина Балтоска  е носител на листата од Колаицијата  на Вмро Дпмне.

 

{loadposition content9}