Skip to main content

Oтворање на циклус вестерн филмови во Кинотека на Македонија

Со класикот „Точно на пладне“ во режија на Фред Цинеман, во Кинотеката на Македонија во соработка со Американската амбасада, од денеска почнува да се прикажува филмскиот циклус насловен „Вестерн“.

John Vejn
Џон Вејн
Со класикот „Точно на пладне“ во режија на Фред Цинеман, во Кинотеката на Македонија во соработка со Американската амбасада, од денеска почнува да се прикажува филмскиот циклус насловен „Вестерн“.

Циклусот содржи  уште шест филмови кои се врвни репрезенти на овој жанр и вистински предизвик за филмофилите. Станува збор за дела кои и припаѓаат на историјата на кинематографијата, потпишани од автори-легенди меѓу кои Вилијам Вајлер, Џон Форд, Кинг Видор, Вилијам Велман, Фриц Ланг и Филип Кауфман, кои ги воспоставија кодовите на филмскиот јазик и го издигнаа филмот на ниво на уметност.

Vestern„Ова е единствена прилика да се видат овие филмски дела кои и денес изгледаат свежо, па дури и подобро одколку новата светска продукција, која се повеќе ја губи суштината и се посветува на формата, која, пак, е нагризана од дигиталните црви., се вели во соопштението од Кинотеката на Македонија.

Циклусот ќе го отвори амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер.
Покрај во Скопје, вестерн – циклусот ќе биде прикажан и во Гостивар, во Центарот за култура „АСНОМ“ почнувајќи од 25 февруари, а се предвидува да гостува и во Струмица.

 

 

{loadposition content9}