Skip to main content

Чарлс Баркли во затвор

Еден од најпознатите кошаркари во историјата на НБА лигата Чарлс Баркли, треба да одлежи пет дена во затвор.

 |  Крсте Голабовски  | 
Charles Barkli
Чарлс Баркли
Еден од најпознатите кошаркари во историјата на НБА лигата Чарлс Баркли, треба да одлежи пет дена во затвор.

Баркли е осуден откако признал дека е виновен за две точки од обвинението  за возење под дејство на алкохол. Американскиот кошаркар е уапсен во Феникс за време на новогодишните празници. Тој исто така признал дека е виновен за поминување на црвено. 45 годишниот Баркли е осуден на десет дена затвор, но од нив ќе одлежи само пет. Тој исто така  е казнет со 2 илјади долари.

Charles BarkliВо  неговата крв имаше два пати поголем процент на алкохол од  дозволениот лимит  во државата  Аризона. Баркли ќе ја одлежи казната на 21 март. Баркли, со американскиот „дрим тим“  освои злато на Олимписките игри  во Барселона во 1992 и Атланта во 1993 и  од 2006-тата е во  „холот на славните“.

 

 

{loadposition content9}