Skip to main content

Обама за 19 месеци ќе ја повлече војската од Ирак

САД планираат да ја повлечат војската од Ирак до август 2010 година – 19 месеца по стапувањето на должност на Барак Обама според претставници на американската администрација кои побарале анонимност.

 |  Крсте Голабовски  | 
vojnik
војник
САД планираат да ја повлечат војската од Ирак до август 2010 година – 19 месеца по стапувањето на должност на Барак Обама според претставници на американската администрација кои побарале анонимност.

vojniciПланот за повлекување ќе исполни едно од основните ветувања на Обама од неговата предизборна кампања, иако малку побавно од предвиденото. Обама имаше изјавено дека ќе ја повлече војската од Ирак за 16 месеци или по околу една бригада месечно по полагањето на заклетвата, на 20 јануари.
Изворите прецизираат дека очекуваат Обама да го соопшти планот оваа недела. Тие додадоа дека САД ќе остават во Ирак меѓу 30.000 и 50.000 војници, кои ќе ги советуваат и обучуваат ирачките сили за безбедност.

Во моментов во Ирак има околу 142.000 американски војници.

 

 

{loadposition content9}