Skip to main content

Образованието приоритет за Општина Охрид

Општина Охрид и оваа година најмногу средства од буџетот ќе издвои за развојот на образованието.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Образованието и понатаму приоритет за Општина Охрид. Градоначалникот Александар Петрески вели дека и во оваа учебна година како и во изминатите локалната најмногу ќе инвестира во основните и средните училишта во градов.

Новата учебна година започнува без некои поголеми проблеми. Петрески потенцира дека за време на летниот распуст во поголемиот број училишта биле исвршени повеќе зафати за подобрување на условите за работа. Во училиштето Св. ,,Климент Охридски,, ставен е нов покрив над спортската сала, а заменет е и дотраениот паркет, стар триесет години. ОУ „Братство и Единство“ комплетно се реновира и доби нова фасада, во основното училишта „Григор Прличев“  поставено е ново парно греење, а во ОУ „Христо Узунов“ се изврши санација на  дворот. Во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти и во Гимназијата се изврши  промена на  дограмата. На гимназиската зграда ќе се интервенира и во текот на оваа учебна година пред се во поткровјето каде е планирано да се прават нови простории. Ќе се менува и греењето во основното училиште Св. Наум Охридски во Пештани.

Оваа учебна година локалната најмногу пари ќе потроши за подобрување на наставната програма и осовременување на надгледните средства во основните и средните училишта во градов.