Skip to main content

Авион на хуманитарна организација исчезна над Д.Р. Конго

Патнички авион изјнајмен од една хуманитарна организација исчезна во текот на минатата ноќ за време на лет над источниот дел на Демократска Република Конгo.

 |  Крсте Голабовски  | 
Патнички авион изјнајмен од една хуманитарна организација исчезна во текот на минатата ноќ за време на лет над источниот дел на Демократска Република Конгo.

Според, службата за координација на хуманитрните операции на ОН, засега не е познато дали авионот се урнал или пак успеал да слета, но не може да воспостави врска со контролата на летање. Во време на исчезнувањето на авионот, регионт бил зафатен од силно невреме.

Авионот од типот „Бичкрафт“ летал на релација од Кисингани кон Букаву во близина на границата меѓу ДР Конго и Руанда. Службата за координација на хуманитрните операции на ОН нема информации колку лица имало во авионот.

Латлото, кое максимум може да собере 19 патници, било сопственост на компанијата „Ер Серв Интернешанл“, која врши транспортни услуги за повеќе хуманитарни организации ширум светот.
Потрагата по исчезнатиот авион се очекува да почне утрово.