Skip to main content

Бројот на пловните објекти постојано расте

Во охридската капетанија годинава технички се прегледани, запишани и пуштени во пловидба 660 нови објекти.

 |  Валентина Нелоска  | 
Така пловната флота во државава ја достигна бројката од 5 бродови и 2800 глисери и чамци. Сопствениците на пловните објекти велат дека е време да се изгарди современа марина. На тој начин нивните лисери и чамци ќе бидат побезбедни.

Министерството за транспорт и врски даде зелено светло за изградба на современо пристаниште на охридското крајбрежје. За реализирање на овој зафат сега се  потребни измени во деталниот уранистичи план. Во постечкиот план е предвидено проширување на старото пристаниште, но неофцијално дознаваме дека сега во опција се две можности.
Покрај постојното пристаниште се предвидува изградба на ново кое би било во рамките на центарот за спорт и рекреација што ќе се гради во Грашница.

Како што дознаваме државата е заитересирана да се  изгради современа марина и изработката на деталниот урбанистички план ќе оди по брза постапка. Обидите да ги потврдиме неофицијалните информации останаа без успех бидеjќи раководите лица се на годишен одмор.     
И додека Охрид чека да добие современа марина, во Струга веќе започна да функционира марина на суво. Во меѓувреме еден досетлив стружанец изградил хангар каде што ги чува и одржува чамците и глисерите, па сопствениците на пловните објекти мирно ќе спијат.