Skip to main content

Џанфранко Зола е новиот тренер на „Вест Хем“

Џанфранко Зола е новиот тренер на „Вест Хем“ за која функција потпиша договор на три години.

 |  Крсте Голабовски  | 
Поранешниот напаѓач на „Челзи“ ќе го замени на функцијата менаџер, Ален Курбишлиј, кој минатиот викенд поднесе оставка и покрај двете победи во првите три кола на „Премиер лигата“. Веднаш по пристигнувањето во Лондон, Зола изјави дека неговата екипа ќе игра исклучително офанзивен фудбал.

“Знам само еден начин на кој се игра фудбал, а тоа е напаѓачки фудбал. Сакам луѓето да уживаат, затоа и играме, нели?“

Зола, кој беше астистент на Пјерлуиџи Казигари во младата репрезентација на Италија, призна дека шансата да биде менаџер на на клубот од источен Лондон не се одбива тукутака и покрај ривалството со „Челзи“.

„Знам дека „Челзи“ и „вест Хем“ се големи ривали, но тоа нема да ми претставува проблем. Мојата играчка кариера, е минато, јас сум сега тренер. Ова е нова авантура за мене. Поминав седум години во „Челзи“ и тоа беа најубавите години во мојата кариера.Би сакал да играм на Стенфорд Бриџ, но навивачите мора да разберат дека имам нова кариера“ изјави Зола.

Некогашниот италијански репрезентативец играше во „челзи“ од 1996-2003 година и на 249 натпревари постигна 89 гола. Својата фудбалска кариера ја заврши во „Каљари“ во 2005 година после 21 година професионално играње фудбал. За репрезентацијата на италија играше на 35 натпревари, а стрелец беше десет пати.