Skip to main content

Холанѓани дипломираат со охридска архитектура

Охридската архитектура тема на дипломската работа на една холанѓанка.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Тамара Амерлан пред повеќе од две години за прв пат го посетила Охрид и се заљубила во неговата архитектура. Тамара која тогаш сеуште  студирала  архитектура во Холандија  си поставила за цел нејзината дипломска работа да биде токму за охридските градби. За таа цел минативе години во повеќе наврати доаѓала во Охрид и прибирала податоци . Во тоа многу и помаогнал секторот за урбанизам во општина Охрид како и Заводот за заштита на спомениците.

Тамара вели: „го знам секое катче и секоја уличка во градов“.
„Одев боса со цел да го почувствувам плочникот во чаршијата како и калдрмата во стариот Охрид“.

„Од моите двегодишни истражувања заклучив дека старата охридска архитектура во голема мерка е солидно зачувана, но во новите градби особено оние од периодот на социјализмот има премногу непотребен материјал“.

Тамара вели дека градов сеуште не е пренатрупан со градби, но во иднина сериозно треба да се размислува во оваа насока. Таа предлага Охрид да го следи примерот на Амстердам.

„Таму се што се гради е строго плански, а старите градби се модернизирани и ставени во функција, а сепак е зачувана нивната автентичност“, објаснува оваа млада холанѓанка.

Инаку овој проект е подржан и од Туристичката Комора на Македонија особено во делот каде стои преадаптација на старите градби и нивно вклучување во модерните текови на живеење.

Од Туристичката комора планираат и во иднина да подржат студенти од Холандија кои сакаат да работат на теми со кои ќе се промовира Охрид, но и Македонија.