Skip to main content

Почнува вториот уписен рок на државните универзитети

На државните универзитети во Скопје, Битола, Штип и Тетово денеска почнува вториот уписен рок. На Скопскиот, Битолскиот и на Штипскиот уписот ќе се одвива два дена, а на Тетовскиот до 18-ти овој месец.

На државните универзитети во Скопје, Битола, Штип и Тетово денеска почнува вториот уписен рок. На Скопскиот, Битолскиот и на Штипскиот уписот ќе се одвива два дена, а на Тетовскиот до 18-ти овој месец.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во вториот уписен рок има 4.343 слободни места, од кои 1.807 во државна квота, 1.941 со кофинансирање и 595 места за вонредни студенти.

На Универзитетот во Битола има 1.950 слободни места, на Штипскиот има 2.449 слободни места и на Државниот универзитет во Тетово има 2.025 слободни места.

Минстерството за образование и наука информира дека ќе бидат ослободени од целосно кофинансирање сите оние студенти кои веќе се запишани или ќе се запишат на Факултетот за рударство, геологија и политехника на Штипскиот универзитет, на Технолошко-техничкиот факултет во Пробиштип, при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Машинскиот факултет во Виница, Електро-техничкиот факултет во Радовиш, Земјоделскиот факултет во Штип, Техничкиот факултет во Битола, Технолошко-техничкиот факултет во Велес, Факултетот за применети науки при Тетовскиот универзитет и Природно-математичкиот факултет при Државниот универзитет во Тетово.

Во вториот уписен рок има 322 слободни места на Факултетот за рударство, геологија и политехника на Штипскиот универзитет, 98 места на Технолошко-техничкиот факултет во Пробиштип, 94 слободни места на Машинскиот факултет во Виница, 98 места на Електро-техничкиот факултет во Радовиш, 195 места на Земјоделскиот факултет во Штип, на Техничкиот факултет во Битола има 111 слободни места на машинскиот отсек, 75 слободни места на отсекот за сообраќај и транспорт, 31 слободно место на графичкиот отсек и 79 слободни места на електротехничкиот отсек. На Технолошко-техничкиот факултет во Велес во вториот уписен рок има 179 слободни места. Слободни места во вториот уписен рок на Тетовоскиот државен универзитет има на Факултетот за применети науки во отсекот мекатроника и економско инженерство и на Природно-математичкиот факултет за наставните насоки по математика, физика, хемија и биологија.