Skip to main content

„BMW“ го сака Алонсо во своите редови

Шпанскиот спортски весник „Marca“ ја пренесе изјавата на Џиџи Корбета, човекот на „BMW“ задолжен за односите со шпанските медиуми, кој призна дека преговорите со фернандо Алонсо се во тек…
 |  Крсте Голабовски  | 
Шпанскиот спортски весник „Marca“ ја пренесе изјавата на Џиџи Корбета, човекот на „BMW“ задолжен за односите со шпанските медиуми, кој призна дека преговорите со фернандо Алонсо се во тек…

Иднината на фернандо Алонсо во Формула 1 е предмет на голем број шпекулации,а јавна тајна е дека некогашниот светски првак наскоро ќе ја напушти екипата на „Reno“. Корбета изјави дека,

“Продолжувањето на договорот на Раиконен се „Ферари“ го забрза процесот на преговорите“.

Со тоа, имено се отстрани можноста, Алонсо да замени некој од момчињата од италијанскит тим.

„BMW“ сеуште ја нема дефинирано поставата за следната сезона, а местото во тимот единствено му виси на Ник хајдфелд. Како можни ривали за потписот на Алонсо се спомнуваат некое време јапонските момчиња на „Honda“ и „Toyota“.