Skip to main content

Охридските основци и средношколци се запознаваа со образовните можности на вториот Саем за образование и кариера

Идните средношколци и студенти имаа можност да се запознаат со наставните програми и можности кои ги нудат средните училиштата и високо образовните институции во градот и државата.
 |  Маја Савиќ  | 

5 средни училишта и 11 високообразовни институции ги претставија нивните програми и можности за учење пред охридските основци и средношколци на вториот Саем за образование и кариера, во организација на Младински Центар Охрид.

Саемот го отвори заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиновски кој во своето обраќање истакна дека настанот е од големо значење за младите кои стојат пред предизвикот за избор на соодветна кариера. Правилниот избор на образование ги одредува индивидуалните патишта, но има и големо влијание на општествениот развој, кажа Божиновски и им порача на младите да бидат мудри и храбри при носењето на таа одлука.

„Изборот на кариера не треба да биде само одлука, туку процес на размислување и истражување и самосвест. Младите треба да бидат поттикнати да ги истражуваат своите интереси, да ги проучуваат своите таленти и да ги разгледуваат можностите што им се отворени.Општина Охрид секогаш е подготвена да даде поддршка на вакви иницијативи и да стимулира ваков вид настани. “ -кажа Божиновски.

Целта е на едно место да собереме што повеќе ученици и образовни институции и да обезбедиме информации за идните средношколци и студенти од Општина Охрид, кажа Раководителот Младински центар Охрид, Јова Цветкоски.

„Сите средни училишта моментално се тука плус ПСУ „Јахја Кемал“, но и што повеќе факултети, значи и од високо образование не само од нашиот град. За жал немам ни многу избор, но доаѓаат и од другите градови, од УКИМ, УКЛО, Европски Универзитет, Интернационален Балкански Универзитет. За разлика од претходната година оваа година одзивот е поголем и се надеваме дека секоја година ќе си расте, ќе продолжи, ќе стане традиција, па зошти не и в година на полигонот да направиме уште поголем саем.“ – кажа Цветкоски.

РЦСОО „Ванчо Питошески“-Охрид ги нуди сите кадри кои се моментално дефицитарни на пазарот на трудот во областа на туризмот и угостителството. Училиште има дуално образование при што учениците теоријата ја преточуваат во пракса со настава која се обавува во хотелско угостителските капацитети и во кабинетите по практична настава.

Се надеваме дека ќе имаме доволно ученици да се запишат во нашето училиште, затоа што моментално е многу барана струка посебно во Охрид и Струга, во нашиот регион во којшто ние сме и сместени. Регионалниот центар има стручни професори коишто можат и практично и убаво да ги спремат учениците за работа и да добијат доволно практична настава не само во училиштата туку и надвор во објектите со кои соработувем и стручните соработници.“ – изјави Милена Илиеска, професор по стручни предмети во РЦСОО „Ванчо Питошески“-Охрид.

Поради големата побарувачка на кадар во угостителството расте интересот и за насоките гастрономија и хотелско-ресторански менаџмент на Факултетот за туризам и угостителство Охрид, додека насоките царина и шпедиција се континуирано атрактивни.

„На Факултетот во принцип имаме еднаква пропорција на дистибуција на студенти во секоја насока, но најатрактивни се царина и шпедиција и нашата понова програма менаџмент во услужен сектор која има четири подмодули и студентите можат да си го определат модулот на студирање во четврата година.1:28+++00:26 На 10 мај, ќе имаме отворен ден на нашиот Факултет за туризам и угостителство, на истиот принцип саем за образование на кој можат да се спојат средношколците, студентите, компаниите и факултетите од Униветзитетот и да се запознаат со студиските програми и можностите за кариерен развој “- изјави Бојан Србиноски, раководител на Департментот менаџмент во услужен сектор и Депатментот осигурување и менаџмент со ризик на ФТУ Охрид.

Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид во рамки на своите пет факултети нуди современи студиски програми коишто нудат можности за стекнување вештини од основите на информатички науки и технологиите како и студиските програми за примена на информатичките технологии што го прави се поатрактивен за матурантите.

„На нашиот Универзитет во последните години интересот за запишување на студенти е огромен, така што сето тоа е резулатат пред се на атрактивноста на информатичките науки и технологии, побарувачката за таков профил на пазарот на трудот и секако можностите за стекнувања знаења и вештини кои ги стекнуваат на нашиот Универзитет и можноста за понатамошно професионално унапредување во струката, пред се во однос на можноста за брзо запослување во компании од ИТ секторот, како и за професионално научно-истражувачко унапредување преку вториот и третиот циклус на студии кои во монентов ги нуди нашиот Универзитет. – изјави Проф. д-р Јованка Дамоска Секулоска– декан на Факултетот за компјутерски науки и инженерство.

На учениците кои го посетија денешниот Саем во Малдинскиот центар им беше на располагање и кариерно советување. Лиценцираните кариерни советници работат на поддршка на младите во смисла на тоа да се запознаат себеси, своите интереси и способности низ процес на истражување.

„Прво работат на себе, потоа на се тоа што како можност го имаат во околината во смисла на места за вработување, пазар на труд, училишта каде можат да стекнат соодветно образование и врз основа на тоа прават една рефлексија којашто ги води до донесување на одлука која е најдобра за ни.“, Марија Коваческа, меѓународно сертифициран советник за развој на кариера.

Свесноста за занчењето на кариерното советување е сеуште на ниско ниво и потребна е кампања меѓу основците и средношколците за да го сфатат значењето и да си помогнат сесбе си во одредување на она што значи идна насока во професионалниот и личен развој.