Skip to main content

Бројни капитални проекти ќе реализира охридскиот Завод и музеј

Реконструкцијата на Уранија и возобновувањето на Свети климентовиот манастир на Плаошник, се само дел од нив.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Tanja Paskali Buntasheska
Тања Паскали Бунташеска
Во 2009 година, Националната установа Завод и музеј- Охрид влегува со амбициозни планови. Пари за нивна реализација има. Директорот, Тања Паскали- Бунташеска, вели дека е повеќе од задоволна со финансиските средства кои Владата ги издвоила за оваа намена.

„Сите проектите за кои аплициравме до Министерството за култура се прифатени. За работењето на Завод и музеј за 2009 Владата има издвоено над 40 милиони денари“, вели Бунташеска.

Годинава ќе се реализираат неколку капитални проекти. Реконструкцијата на куќата на Уранија е само еден од нив.  

eksponati„Завршена е првата фаза на возобновувањето на Св. климентовиот манастир на Плаошник. Во 2009 ќе се врши третата фаза“, објаснува Бунташеска.

Во тек е барањето на идејно решение, по што треба да следи изработка на проект врз основ на кој ќе се врши изградбата на Свети Климентовиот манастир на Плаошник. За оваа цел Владата има издвоено 6 милиони евра.
Предвидена е и реконструкција на уште 16 дрвени колиби во рамки на Наколното живеалиште кај Градиште, како и продолжување на археолошките истражувања на Киклопските ѕидини кај Свети Еразмо.

 

 

 {loadposition content9}