Skip to main content

Менди Чура од ДПА, прв во Струга

Од советничките листи, прва е партијата ЛДП. Ждребувањето во Струга, помина без заблешки.

 |  Билјана Колоска  | 
glasacka kutija
гласачка кутија
Дефиниран редоследот на  избичакото ливче за Општина Струга. Градоначалничкиот состав го предводи кандидатот од ДПА, Менди Чура. Втор на листата е првиот човек на ПЕИ, Фијат Цаноски, третото место му припаѓа на актуелниот градоначалник и кандидат за таа функција од ДУИ, Рамиз Мерко, четврт на избирачкото ливче е Славко Котески од Вмро-Дпмне, додека листата на  кандидат за градоначалник на Струга ја заокружи Џевдет Насуфи, кандидат од партијата за Нова Демократија, со реден број 5.
Овој редослед се одлучи на денешното  ждребување во ОИК во Струга.

„На состанокот беа присутни претставници од сите политички партии, и речиси немаше воопшто никакви забелешки“-вели Африм Бектеши, претседател на  ОИК-Струга.

На денешното ждребување се дефинира и редоследот на советничките листи по редни броеви на избирачкото ливче. Нив ќе ги предводи партијата ЛДП, чиј носител е Стретен Бандоски.

„Ние сме на прво место,секогаш најдобрите се први, тоа ќе го докажеме и на
претстојните избори“-истакна Симон Алексиески од ЛДП.

izboriВеднаш по ЛДП, втора е советничката листа на Партијата за Нова Демократија предводена од  Абдула Ќазимоски, редниот  број три и припаѓа на партијата СДСМ, чиј носител е Александар Попоски. Четврти на избирачкото ливече е ДУИ, а советничката листа ја предводи Џеваир Беќири, додека 5-та по ред е партијата  ПОДЕМ.

„Бројот 5 не потсеќа на детските денови кога најмногу се радувавме на таа отценка, се надеваме дека на претстојните избори повторно ќе се радуваме но како возрасни луѓе“-вели Науме Кутаноски, носител на советничката листа ПОДЕМ.

Веднаш по ПОДЕМ, стружани за ДПА ќе можат да гласаат под реден број 6, а носител на истата е Сурија Рашити. Доколку ја заокружете 7-мицата вашиот глас го давате за советничката листа на ВМРО ДПМНЕ, предводена од Момчило Аврамоски. Последна на избичакото ливче со реден број 8 е ПЕИ, а носител е Мирсан Мемишоски.

Вака официјализираното избичако ливче треба да се достави до ДИК од каде треба да го одобрат истото.

 

 

{loadposition content9}