Skip to main content

Демири: Здравствен дом Охрид ги унапреди условите и нивото на здравствена заштита

Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева во работна посета на Охрид.
 |  инфодеск  | 

Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, кадешто ги посетуваат Здравствениот Дом во Охрид и Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид.

„Во изминатиот период, Здравствениот дом значително ги унапреди условите со реновирање на просториите во Службата за вакцинации, како и зголемување на нивото на здравствена заштита“, рече министерот Демири.

Со обнова на опремата за лабораторија и медицинска апаратура се прошири делокругот на анализи кои сега се вршат во здравствената установа.

„Како што ме информираше директорката, набавени се две амбулантни возила за Итната медицинска помош од сопствени средства, со што се изврши обнова на возниот парк, поефикасно, побрзо и навремено реализирање на здравствените услуги за пациентите“, изјави заменичката Манолева.