Здружението Ретко е да си редок ги донира за Бојана средствата доделени од општината
Здружението “Ретко е да си редок” се откажа од средствата кои ги доби од Општина Охрид собрани од аконтација за учество на хуманитарниот турнир во мал фудбал по повод Денот на ослободувањето на Охрид. Претседателката на здружението, Гордана Лолеска побара истите да бидат донирани за лекување на охриѓанката Бојана Бонеска.
“Благодарност до Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид за издвоената финансиска поддршка за здружението Ретко е да си редок! Но како претседател на истото целосно се откажувам од средствата и упатувам апел да се пренаменат за лекување на нашата сограѓанка Бојана!– напиша во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Лолеска.
Лолеска ги повика сите граѓани, но и општествено одговорни компании да помогнат да се спаси уште еден човечки живот!