Skip to main content

Марина кај Студенчишта


Марина Студенчишта истражувачки проект на компанијата Тетрактис кој го привлече вниманието на охриѓани. Архитектонското студио изработи идејно ресение за марина на потегот кај Студенчишко блато во Охрид. Истата е дизајнирана со сензитивно вреднуванје на природата на начин кој нема да ја наруши силуетата на пределот и функцијата на блатото, велат од Тетрактис.  Додаваат дека во процесот на изработка на проектната документација ке бидат применети сите препораки на локалните и регионалните експерти.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Дали станува се пореална изградбата на марина во каналот Студенчишта. Архитектонското студио Тетрактис од Скопје самоиницијативно изготви идејно решение на марина на овој потег на охридското крајбрежје. Станува збор за градба која ќе ги запази сите еколошки стандарди и која нема да му наштети на биодиверзитетот во овој дел од езерото, а воедно нема да зазема голем простор, а ќе биде функционална.

Оваа марина е дел од интегралното решение за Студенчишкото блато и нема да ја наруши силуетата и функцијата на овој еко систем, тврдат од Тетрактис. Потенцијалниот концесионер односно општината мора овој проблем да го решава во рамките на една поширока студија за одржлив развој на блатото.
Со изградбата на марината на овој потег кој според многу експерти од областа на наутиката е најидеален за едно вакво пристаниште, ќе се ревитализира и Студенчишкото блато. Сега таму е депонирана огромна количина бетон и шут. Преку марината со канали ќе се поврзе блатото со езерото и со тоа ќе се возобнови врската која пред многу години вештачки била прекината.Согласно проектот марината е предвидена кај каналот на просторот кај Центарот за обука на вода на АРМ.

Пред да се премине кон изградба на ваква марина треба да се расчисти каналот од постоечките пловила, да се дислоцираат објектите на АРМ, да се направи ископ и да се исчисти градежниот шут, да се прошири каналот во долниот тек, да се обезбеди дополнителна водена површина и да се постават природни дрвени колови кои го зајакнат ископот, интегрирање на дрвените колови со платформа која ги формира доковите, обезбедување на објект на марината, а приодот до неа треба да е од постоечкиот асфалтен пат кој со сигурност треба да биде реконструиран и прокопан со мостови и канали за да обезбеди врска со Билјанини извори и блатото.