Охриѓани и стружани пријавуваат дискриминација на работното место
Мал е бројот на претставки од граѓаните од внатрешноста до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Според комисијата на ниво на држава најдискриминирана е ЛГБТ заедницата во областа на медиумите и јавното информирање, каде граѓаните кои имаат пристап пример на социјалните мрежи како фејсбук и шират говор на омраза спрема припадниците на оваа заедница. Потоа следува дискриминацијата на работното место и дискриминацијата по основ на политичка определеност, особено во јавниот сектор. Само дваесетина претставки во изминатиов период се нотирани од охридскиот регион вели претседателот на Комисијата Исмаил Камбери.
„За жал во овој регион, Охрид, Струга имаме многу мал претставки, највеќе 20 дали има. Целта е да се запознаат граѓаните како да преознаат дискриманицја бидејќи некој може да биде дискриминиран а да не знае дека е дискриминиран. Во принцип се во областа на работата и работните односи и имаме неколку само во однос на социјалните мрежи дикриминаторски односи врз различни основи.“ – кажа Исмаил Камбери – претседател на Комисијата заа спречување и заштита од дискриминација.
Кога Комисијата утврди мислење дека постои дискриминација, дава препорака за отстранување на дискриминацијата. Таа препорака има рок од 1-6 месеци. Доколку дискриманаторот не постапи по препораката Комисијата покреннува прекршочна постапка кон дискримнаторот. Казните се од 15-400 евра за физичко лице до 10.000 евра за правно лице. Но законите не треба да останат на хартија . Доколку сакаме да градиме здраво општество овие закони мора да се имплементираат вели Јулијана Настоска Петреска – социјален работник. Целната група со која ние работиме, вели Петреска доста е запознаена со тоа што е дискриминација и кои се нивните права.
„Сме имале доста примери на дискриминација особено во здравствениот сектор бидејќи самиот факт дека станува збор за зависници од дрога и сексуални работнички, ако се дознае во мала средина како Охрид автоматски се дискриминирани и се случува да не можат да добијат здравствени услуги бидејќи се од таа целна група.“– Јулијана Настоска Петреска – социјален работник НВО Опција.
Инаку во нашата земја дискриминацијата е забранета со уставот и Законите, како и со посебниот Закон за спречување и заштита од дискриминација.
На денешната трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација во општина Охрид во организација на здружението Опција, присуствуваше и Градоначалникот Кирил Пецаков, кој потенцираше дека креирањето на еднакво и праведно општество, е од суштинска важност за позитивен развој на локалните заедници,но и на државата во целост.
„Мора да се потрудиме да ги учиме и воспитуваме идните генерации на поголема, емпатија љубезност и соживот. Само така ќе знаеме дека сме на вистинскиот пат и дека градиме подобар свет за сите нас. А, Општина Охрид и понатаму ќе продолжи да биде отворена за соработка да ги слушне потребите , да реалзиира проекти за поголема социјална правда но и сигурност.“ – кажа градоначалникот Пецаков.
Денешната трибина во Охрид насловена „Здружени и гласни за општество без дискриминација, имаше за цел промоција на Законот за спречување и заштита од дискриминација за охрабрување на локалното население да ги пријавува случаите на дискриминација за градење поеднакво и поправедно општество за сите без предрасуди.